bibll nasl

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа 22 Општински натпревар „Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од с. Добрушево.

Комисијата составена од три члена: Илче Стојановски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Колевска по прегледаните тестови ги соопшти резултатите:
Прво место на овој натпревар освои ученичката Сара Ѓоргиевска од ООУ „Гоце Делчев“- Битола со освоени најмногу поени, под менторство на Маја Марковски.
Второ место освои ученичката Евгенија Поп Стефановска од ООУ „Коле Канински“ – Битола под менторство на Марија Пискачева.

Трето место освои ученичката Лили Иломаноска од ООУ Тодор Ангелески“ – Битола под менторство на Ирена Настевска. Наградите им ги додели директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски.

340420437 1929770750708370 8925686053704310221 n

Ученичката Сара Ѓоргиевска ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Библиотеката „Искра“-Кочани на 12 Мај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…