Во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Коле Канински“ – Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ – Битола на ден 19.04.2023 година се одржа работилница на тема „Одбери ја својата професија“.

342208791 1301208333937042 2721251677777943740 n

Учениците од 9 одделение имаа можност да слушнат за различни професии од нашите говорници:

– Билјана Петровиќ – биотехнолог,

– Ѓорѓи Мијалчев – информатичар,

Лидија Павловска – одделенски наставник,

– Маргарита Камбовска – доктор, педијатар,

– Марта Соклевска – администратор за човечки ресурси,

– Светлана Глигоровска – педагог,

– Билјана Врчал Ванчевска – стоматолог.

слика

Говорниците предложија и некои чекори што можат учениците да ги преземат, со цел да им помогнат да го одредат нивното идно занимање:

342207966 1648337085665547 3920524215050714011 n

– Идентификувајте ги вашите интереси и страсти. Размислете што уживате да правите и кои теми или области ви се интересни,

– Размислете за вашите вештини и силни страни. Размислете за работите во кои сте добри и областите каде што се истакнувате,

– Истражувајте ги потенцијалните кариери. Погледнете во различни работни места и кариери кои се усогласени со вашите интереси и вештини,

– Побарајте совет од училишниот педагог и психолог, професионалци, кариерните центри. Разговарајте со луѓе кои работат во областите за кои сте заинтересирани за да добиете увид во нивната секојдневна работа и потребните квалификации,

– Добијте искуство преку волонтерство. Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете различните кариери и да видите дали тие се погодни за вас.

342206129 598744222189462 6322001993995598466 n

На крај на настанот се истакна дека сепак изборот на кариера е процес и во ред е да се одвои време за да ги истражат различни опции и да откријат што е најдобро за вас. Колку значи да си го насочиме сонот кон она што ние го сакаме, а не што ни велат останатите.

342208794 664120838767456 2778209252975927429 n

Активноста е во рамки на потпишаниот меморандум за соработка со ООУ „Коле Канински“- Битола. Модератор на настанот беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…