Сепсата е живото-загрозувачка состојба која однесува голем број животи. Статистиките велат дека на секои 3 секунди по еден пациент умира од сепса, а годишно на светско ниво од 50 милиони лица, 11 милиони умираат. Во Македонија статистиката е слична. Во светот веќе 10 години наназад се одбележува Светскиот ден на сепсата, 13 септември, со цел да се подигне нивото на свеста. Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничката болница Битола, годинава за прв пат го одбележува овој ден.

2

-Моментално ние во нашата болница ги следиме светските трендви во лекување ан апациенти со сепса,и за жал статистиката е иста како и во сите светски рамки и кај нас,  многу негативна, со лош тренд и многу заболени и ризични групи. Но се надеваме дека со одбележувањето на овој ден и со подигнување на самата свеста  и кај граѓаните и медицинските работници, ќе постигнеме подобра бројка на излекувани пациенти, изјави д-р Сотир Николовски, раководител на САРИЛ Битола.

1

Она што е најбитно е да се обрати внимание на брзото детектирање на сепсата, таа е временско-зависна болест.

10

-Тоа значи дека секоја секунда се повеќе се зголемува морталитетот. Навременото откривање, препознавање, брзата реакција и третман е витален за оваа болест. Заради тоа свесноста мора да ја подигнеме. Почитување на мерките на ст ерилност, на редoвна вакцинација, користење антибиотици, истакна д-р Николовски.

9

Но д-р Николовски потенцира и дека сепсата претставува и голем здравствено-економски проблем, затоа што се трошат огромни финансии, а најголем дел од трошоците паѓаат на лекувањето токму во интензивната нега.

3
8
6
7
5
4
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…