monmartr

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кое својата школска година за периодот 2О24/2О25 ќе ја започне со упис на старо – нови членови на 14 и 15 септември 2О24 година, ги доби и резултатите од 2 детски ликовни конкурси на кои беа пратени ликовни дела на нивните членови.

„На 6-тото издание на детскиот ликовен конкурс „Мини рестарт” во Велика Плана – Србија кој во суштина е меѓународна детска ликовна изложба на мал формат [ 15 x 15 см ] Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваше со 6О цртежи на 5О свои ученици.

На конкурсот според организаторот пристигнаа детски ликовни дела од 33 држави кои генерираа фонд на над 6.000 детски ликовни цртежи од кои шест се од нашето студио и ќе се дел од изложбената поставка за оваа година.

viber image 2024 09 12 11 00 41 238

Со награди – признанија во категоријата ученици од 4 до 7 годишна возраст се здоби Стефанија Чанџуковска додека во категоријата на ученици од 11 до 14 годишна возраст награди – признанија добија ученичките Бојана Стефановска, Миа Мицевска и Јана Талеска, а во категоријата ученици од 15 до 19 годишна возраст награди – признанија добија ученичките Леа Стерјев и Пенелопа Кочевска.

viber image 2024 09 12 11 00 41 216

Ова за нас е значаен успех. Темата беше насловена како „Големото синило” a предизвик беше да се работи на прилично мал формат” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателска на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.

Резултати пристигнаа и од 57. издание на светскиот детски ликовен конкурс од Германија на кој според организаторот пристигнале над 8.000 детски ликовни цртежи од над 25 држави.

viber image 2024 09 12 11 00 48 461

„Германија е интересна затоа што конкурсот во своето 57-годишно постоење повеќе од 30 години беше само национален. Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваше со 26 цртежи согласно правилата “еден цртеж од еден ученик” и освои награди – признанија за 17 свои ученици.

viber image 2024 09 12 11 00 48 419

Наградени се: Јана Талеска, Фросина и Ана Полизовски, Ромина и Андреа Ресановиќ, Елиф Сулиманоска, Ана Марија Спировска, Андреј Миленковски, Анастасија и Стефанија Димитријовски, Томислав Атанасовски, Бојана Стефановска, Јована Василевска, Миа Мицевска, Маргарита Велјановска, Сирма Спиркоска и Леа Стерјев.

viber image 2024 09 12 11 00 44 056

За нас овие награди од двата конкурси се одличен стимул за почеток на новата школска година на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.

Очекуваме резултати од уште 8 детски ликовни конкурси на кои веќе сме испратиле дела на наши ученици, а до Нова Година имаме уште пет на кои ќе се работи во месеците кои следат.

viber image 2024 08 23 10 13 21 044

Фокус на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е и учеството на нашата ученичка Сирма Спиркоска на 25-тата јубилејна светска детска ликовна колонија во Евора – Португалија во периодот од 5 до 15 октомври 2024 година каде 2 години по ред освојуваме второ или трето место во конкуренција од над 15 земји учеснички со над 8О ученици – учесници” – истакна Славчо Неделковски од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кое до сега за 2О24 година има освоено над 200 награди од светски детски ликовни конкурси од цел свет.

viber image 2024 08 23 10 13 21 011
Продолжуваат успесите на меѓународни Еразмус проекти во Основното училиште „Даме Груев“ -Битола
Основното  училиште „Даме Груев“ Битола  е препознатливо по низа Еразмус проекти поврзани …
Децата кои се физички активни имаат поголема самодоверба и се подобри ученици
Современото родителство претставува вистински предизвик. Родителите сѐ помалку можат да им влијаат …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…