Од септември 2022 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ започна со имплементација на ново Партнерство за соработка во рамките на Еразмус + програмата „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA (Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги).

314343460 566196918842490 4620817641414443317 n

Главната цел на проектот е подобрување на социо-економската состојба на возрасните Роми преку образование од областа на ИТ технологијата и развивање на дигитални вештини и компетенции за да се оспособи возрасната популација и социјално исклучените луѓе да користат достапни електронски услуги во нивните околини, и да бидат подобро вклучени во нивните заедници и општества.

Воведниот партнерски состанок се одржа онлајн на 27.09.2022 година. За време на состанокот партнерските организации од Финска, Македонија, Италија и Србија се запознаа и дискутираа за проeктот и проектните задачи. Дополнително беа договорени состаноци за финансискиот менаџмент и дисеминативните активности.

313078790 566197048842477 2358934854203571273 n

Како дел од мониторингот, секој почеток на месецот ќе се одржуваат онлајн состаноци за следење на имплементацијата на активностите и разрешување на тековни прашања. Првите активности вклучуваат развивање на општ прашалник за сите земји учеснички како и национални прашалници за секоја земја учесник со цел да се истражат потребите и состојбата на Ромските заедници во областа на дигиталните знаења и вештини. Спроведувањето на анкетите и анализата на резултатите ќе бидат завршени до крајот на годинава.

312598631 566196995509149 3151661134402602166 n

Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, а го координира финската фондација Деаконес.

Грешки за кои треба да си простите
Грешки. Сите ние ги правиме. Иако знаеме дека е човечки да се …
Не можеш да ги задоволиш сите – живеј за себе
Секогаш ќе бидеш храбар во нечии очи, а плашлив во други. Силен …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…