Се укинува мерката за задолжително носење маски во затворени простории освен во здравствени установи, аптеки, јавни превозни средства како и установи за згрижување стари лица и лица си посебни потреби. И средношколците ќе можат да следат настава без маски, се укинува и забраната за организирање екскурзии и настава во природа. Исто така се дозволува и работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Овие одлуки денеска ги усвои Владата на денешната седница откако ги разгледа препораките на Комисијата за заразни золести за олеснување на антиковид мерките и согласно подобрената епидемиолошка ситуација.

Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Одлуките од денешната седница стапуваат на сила со денот на објавување во Службен весник.

Секој пријател кој се претворил во непријател, воопшто не ти ни бил пријател
Понекогаш се соочуваме со болни сознанија во животот, меѓу кои е и …
Денес на добриот човек се гледа како да не е нормален
Добрината денес е ретка како скапоцен камен среде пустина. Во ова модерно …
Мобилните телефони – алатка за учење или пречка за концентрација на децата
Технологијата, особено мобилните телефони, е присутна во секојдневието на децата, и затоа …
Откријте го магичниот Истанбул – патувајте за 11 Октомври
Сите милионски градови имаат свој посебен шмек. Но, Истанбул е навистина нешто …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…