naslovna mini olimpijada

При крај се подготовките на годинешниот спектакл во организација на ОО Црвен Крст Битола – Мини Олимпијадата. Од Црвен крст велат дека се изненадени од бројот на пријавени екипи, па затоа одлучија роковите за пријавување да ги продолжат до ден пред самиот натпревар.

„Освен нашите волонтери, се имаат пријавено над 70 наши соученици, другари, пријатели кои сакаат да го разиграат она хуманото во себе. Овој настан го правиме со цел сите натпреварувачи, битолчани и волонтери на сите Општински Организации на Црвениот крст, несебично да го покажат својот натпреварувачки дух кој ќе донесе многу важни хуманитарни средства. Овој настан сакаме да стане традиција и да се одржува барем секоја втора година, така што се повеќе млади ќе бидат вклучени во него, а Битола нашиот град на конзулите ќе стане место на хуманоста кој секојдневно ќе мами насмевки на лицата на секој од нас“ вели Лина Чашитовска, волонтер во ОО Црвен крст Битола.

Свеченото отворање на Олимписките игри е на 18-ти август во 19:30 на Плоштад Магнолија на кое секој ќе може да присуствува.

Пријавувањето е преку QR кодови што се на подолната слика и преку линкови кои можете да ги најдете на официјалната Фејсбук страна на Општинска Организација Црвен крст Битола или фотографијата подолу.

n2TxoNuV

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…