Минатиот месец Требиње беше домаќин на петтата конференција на ANN_EX_YU – Меѓународна асоцијација на најдобри едукатори од поранешните југословенски простори, единствена асоцијација од ваков вид, која има за цел да ја афирмира работата на просветните работници од сите нивоа на воспитно-образовниот процес, со цел да се пронајдат најдобрите и најуспешните едукатори, кои ќе бидат лидери, мотив и инспирација за сите, кои за своја животна професија ја одбрале професијата наставник.

Во Требиње учествуваа 17 наставници од Македонија. Дел од нив настапија на Саемот на образованието, а дел од тимот наставници кој ја претставуваше Македонија, се претстави на заеднички штанд, под мотото МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА, креирајќи оригинални мотивациони пораки, за што доби ДИПЛОМА за најубаво спакувана мотивациона порака.

Дел од тој тим беше и наставничката Валентина Степановска Андонова, наставник по физика во ОУ „Даме Груев”-Битола. Тоа беше и причината да поразговараме со неа за учеството, искуството со кое се стекна и кое ќе продолжи и понатаму да го интегрира во својата работа. Таа вели дека нејзин успех се достигнувањата на нејзините ученици, а нејзината мисија го достигнува својот врв во тој момент кога тие ја надминале.

valentina 01

Читај бе: Вие бевте дел од петтата конференција на ANN_EX_YU – Меѓународна асоцијација на најдобри едукатори од поранешните југословенски простори која се одржа во Требиње. Од Македонија беа дел 17 наставници и Вие бевте дел од нив. Може ли да ни кажете нешто повеќе за Вашето учество таму?

Валентина: Главен акцент ќе ставам на моето учество на образовниот саем, кој што се одржа на првиот ден од конференцијата. Таму настапив како дел од тимот под мотото: „Македонија мотивира“. Наша задача беше на оригинален начин да ги претставиме внимателно избраните мотивациони пораки. Исто така бев воодушевена како на умешен начин преку разглед на сончевото Требиње требаше да се наслика некој карактеристичен детал што потсетува на градот.

valentina 02

Читај бе: Вие бевте дел од тимот МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА, креирајќи оригинални мотивациони пораки, за што добивте ДИПЛОМА за најубаво спакувана мотивациона порака. Што беше она што го работевте во текот на тој процес?

Валентина: Секој член од нашиот тим сериозно му пристапи на предизвикот наречен мотивациони пораки. Нашиот штанд беше најшаренолик, најбогат, најоригинален и од секоја мотивациона порака бликаше огромната желба за пред се достојното претставување на нашата земја. Сето тоа на крај беше вреднувано и со задоволство се гордееме на заслужената награда. Се што е сработено со голема љубов и желба секогаш вродува со плод.

valentina 03

Читај бе: Која беше пораката која сакавте да ја испратите?

Валентина: Јас конкретно учествував со изработка на мотивациони пораки спакувани во сончогледов цвет. Македонија е сончева земја, а сончогледите секогаш гледаат и „се насладуваат“ од сончевата светлина и топлина. Но, кога него го нема се вртат еден спрема друг и си зрачат топлина, за и понатаму да опстануваат. Тоа е и впрочем, суштината на нашиот егзистенцијализам.

valentina

Читај бе: Колку се важни ваквите собири за просветните работници за усовршување и учење нови вештини и способности?

Валентина: Секој човек заради одредена причина во одреден период од животот си пронаоѓа некои вештини, кои потенцијално опстојувале, но се немало прилика да бидат изразени. Убаво беше и мотото на конференцијата „Светот на образованието ги брише границите“. Сметам дека сите учесници на оваа конференција бевме како едно семејство што совршено функционираше и пулсираше понесено од мотивацијата пред сé.

Читај бе: Што е она што како искуство Вие го стекнавте на оваа конференција и би сакале тука да го пренесете?

Валентина: Најинтересни ми беа искуствата презентирани преку убави образовни приказни, пренесени од колегите кои што престојувале во различни земји од светот. Научивме повеќе за значењето на образованието, нивната култура и ставот во однос на работата на наставниците во: Норвешка, Данска, Јапонија, Индија…

valentina 05

Читај бе: Што е она што го разменивте како наставници со колегите од другите балкански земји? Која е разликата и кои се сличностите?

Валентина: Иако има разлика во јазикот што го зборуваме, местата од каде што доаѓаме, сепак нас не обединуваат исти проблеми што не тиштат и пробуваме да најдеме заеднички решенија. Преку нашите креации и посветеност дејствуваме на ист начин, односно да поттикнеме мноштво љубопитни детски главчиња да бидат главниот двигател за посветла и поблагородна иднина.

valentina 04

Читај бе: И за крај. Како Вие ги мотивирате Вашите ученици да го извадат најдоброто од себе и да чекорат кон успеси?

Валентина: Со својот несопирлив ентузијазам со задоволство и со години можам да пишувам за прекрасни талентирани ученици, на кои сум им била ментор и со кои сум оставила впечатлива трага во образованието. Мојот успех се нивните достигнувања, а мојата мисија го достигнува својот врв во тој момент кога тие ме надминале. За остварување на целта важно е да се препознае талентот кај ученикот, безрезервно да се вложува во него, за на крај сите заедно да сме среќни со убавиот резултат. Би нагласила дека предизвик ни се иновациите и нивната реализација, посебно во доменот на заштита на животната средина. И за крај : „Кога нешто премногу сакаш и универзумот ти станува сојузник“.

Кркардаш или „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ е бедем на христијанската љубов и единство
Православниот храм посветен на „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ претставува духовен чувар …
Тишина во стиховите: Денот на поезијата во сенка на тагата
Во овие денови на тага, кога Македонија жали за трагичната загуба на …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…