„Роботиката вчера, денес и утре“ е уште еден Еразмус проект кој ООУ „Св. Климент Охридски” – Битола го реализира од оваа учебна година па се до 2024 година.
Во истиот се вклучени наставници и ученици од училиштето. На мобилностите, учениците преку практични активности изработуваат роботи и ја совладуваат компјутерската техника за програмирање на истата.

316178545 477544914481979 3106603656052960826 n

Моменталната мобилност е во Тенерифе, на наставниците – еден од координаторите Гордана Анастасова, дел од членовите на проектиот тим Љупка Петкова и Атанас Пеев, како и 6 ученици од седмо одделение, што е прва мобилност со ученици. Од таму тимот на училиштето испрати топли поздрави.

316150759 938577860451960 7833370662281007778 n

„Училиштето и проектниот тим кој долгогодишно работи на проекти уште еднаш ја покажува својата посветеност на дело. Детските трајни знаења, искуствено учење и стекнатите вештини се на прво место. Со тоа ова училиште уште од најрана возраст ги подготвува учениците за чекорење во современиот свет во кој живееме“, велат од училиштето.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…