IMG 4bdccebba91d08ee19f632791469969e V

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола ги доби резултатите од 5. издание на светскиот детски ликовен конкурс и изложба, кој се реализира во градот Фуншал, на островот Мадеира во Португалија.„Конкурсот за Мадеира 2026 започнува една година порано, односно во октомври–ноември 2025 година, кога цртежите веќе треба да пристигнат кај домаќинот.

1000010461

Резултатите се објавуваат по 5 јуни, а по 5 јули се доделуваат наградите во трите возрасни категории, како и наградите за ‘избрани дела за изложба’.Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола на овој конкурс учествуваше уште во неговото прво издание, но тогаш цртежите се загубија низ поштенскиот сообраќај во ЕУ.

1000010463

„По пауза, решивме повторно да земеме учество на конкурсот, кој генерално го носи насловот „Богатствата на мојата земја“, при што секоја година се менува темата. За ова издание темата беше „Цвеќиња кои се симбол на мојата земја“.Учествувавме со 20 цртежи и сме повеќе од задоволни од резултатите. Нашите ученици Нина Пешевски и Адријан Андреев се наградени со признанието „Избрани дела за изложба“, како единствени претставници од Македонија, додека она што особено нѐ израдува е освоениот златен медал – прво место во третата возрасна категорија за нашата членка Ангела Бошевска.

1000010460

На конкурсот во Мадеира се доделуваат вкупно само три награди по категорија, како и признанија за избрани дела за изложба, што го прави предизвикот уште поголем, а успехот уште позначаен, ако се има предвид дека беа оценувани над 5.000 цртежи пристигнати од повеќе од 45 земји.Очигледно, македонските ликовни цвеќиња мирисаат и до Португалија“, истакна Славчо Неделковски од ДЛС.

IMG 42ca1ca37efce2f8ee669b1f8ae47aeb V

Иницијативата е во организација на Регионалниот секретаријат за образование, наука и технологија – Регионалната дирекција за образование и Дирекцијата за уметничко образование во Мадеира, а под покровителство на Министерството за образование, наука и технологија на Португалија.

Рекорден интерес за EXIT to Montenegro – повеќе од 40.000 пријави од над 100 земји
Новиот проект EXIT to Montenegro, во организација на најголемиот регионален фестивалски бренд …
Генерација на резерви
Пишува: Сара Танаскоска Да си млад значи да живееш на резерва, не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…