cupe natazeno

Пишува: Сара Танаскоска

Да си млад значи да живееш на резерва, не во буквална смисла туку да чекаш од која страна ќе бидеш затечен од некоја катастрофа која во други очи е само обичен ден. Падни, стани – пропадни и собирај надеж дека следниот ден нема да станеш „крвав“ од ножот кој ти го забиле туку среќен дека и овој пат го слушна алармот. Како предвесник на лошото секогаш имам чувство како да ме каснала оса, болка која не се опишува со зборови.

Меѓутоа со текот на времето и јас веќе како да немам чувства за сите случувања околу мене, како животот да стана подобар со помалку очекувања. Во минатото секој неуспех го доживував како aпокалипса, како сцена од нискобуџетен хорор филм денес тоа е лекција. Секој ден учиме нови работи, на пример како да станеме посилни кога светот веќе нема смисла. Надвор е сиво, полно со отровни честички во воздухот, планините пак се пеплосуваат, а нашите души се како камења.

Кога се навраќам на стари спомени и моменти од минатото потајно сфаќам дека мене најмногу ме чинела искреноста, сум била искрена со луѓе кои не заслужиле, сум била тука за некој кој едвај чекал да завртам грб и да ми забие нож. Највисоката рата сум ја платила од луѓето кои сум ги жалела, од оние кои биле како ранети птици – желни за внимание.  Денес, стојам цврсто на ставот дека не треба да жалам никој. Можеби е сурово и бедно ама вистинито. Станавме генерација отруена од нашите претходници. Жедни сме за моќ, а не за успех.

И да, не верувам во совршени луѓе, ниту во приказни без пукнатини. Верувам во лекциите што нè менуваат и во лузните што нè потсетуваат дека сме преживеале. Можеби навистина сме генерација отруена од грешките на претходниците, но тоа не значи дека сме осудени да ги повторуваме. Најголемиот отпор денес не е да се биде успешен, туку да се остане човек. Во време кога сите брзаат да бидат посилни, погласни и помоќни, јас сè уште верувам дека храброста се крие во тоа да останеш искрен, дури и кога знаеш колку скапо ќе те чини.

Можеби затоа и живееме на резерва. Не затоа што немаме сила, туку затоа што премногу рано научивме дека секоја доверба има цена, секоја искреност носи ризик, а секоја надеж може да биде разочарана. Но и покрај тоа, секое утро повторно стануваме. Повторно веруваме. Повторно се обидуваме. И можеби токму во тоа се крие вистинската сила на нашата генерација – не во тоа што никогаш не паѓа, туку во тоа што научи да живее со лузните и сепак да продолжи понатаму. Ние сме генерација што прерано остаре. Генерација што научи да молчи кога боли и да се смее кога се распаѓа. Но и покрај сè, сè уште одбиваме да се предадеме. Затоа што додека во нас постои барем малку искреност, барем малку човечност и барем малку надеж, резервоарот нема да остане празен.

Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…