japonija nagradi

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, веднаш по завршувањето на 45. јубилејна Детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ 2026, продолжува со своите активности и со освојување бројни награди на реномирани светски детски ликовни конкурси.

Пристигнаа резултатите од 29. издание на светскиот детски ликовен конкурс во Цеље, Словенија, во организација на Музејот на современа уметност од Цеље, а под покровителство на Министерството за култура на Словенија. Жири-комисијата ги објави резултатите од годинашниот конкурс, на кој ученици од 120 училишта од 25 држави твореа на тема „Игрите на нашите предци“, создавајќи фонд од повеќе од 5.000 детски ликовни творби.

slovenija nagradi 1

Со специјални признанија се закитија членовите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола: Ана Марија Спировска (14), Ивана Влкановска (15) и Димитра Филиповска (10), додека дипломи за учество на изложбата добија учениците Фросина Полизовска (13), Стефанија Димитријовска (16), Миа Мицевска (16), Бојана Стефановска (16), Софија Настовска (13), Бисера Андеева (13), Теа Симоновска (9), Ангела Бошевска (14), Андреј Миленковски (14) и Анабела Јовчевска (9).

Во меѓувреме, пристигнаа и резултатите од 56. издание на најстариот светски детски ликовен конкурс во Јапонија. За 2026 година беа доставени уметнички дела од 85 земји и повеќе од 50.000 млади ликовни уметници од целиот свет. Дополнителни над 50.000 цртежи пристигнаа и од земјата домаќин – Јапонија, со што вкупниот број на пријавени детски творби достигна импресивни 100.000.

Овој најстар светски детски ликовен конкурс, основан во 1970 година од Министерството за надворешни работи на Јапонија, Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, весникот „Јомиури Шимбун“, Јапонската федерација за уметнички дизајн и Здружението за јапонско уметничко образование, веќе 56 години претставува еден од најзначајните критериуми за проценка на ликовниот талент кај младите уметници од целиот свет.

Годинава Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола учествуваше со 30 ликовни дела, а освои шест медали:

  • Елиф Сулиманоска (13) – златен медал (прво место)
  • Ана Полизовска (17) – златен медал (прво место)
  • Луна Петковска (10) – сребрен медал (второ место)
  • Ана Марија Спировска (14) – сребрен медал (второ место)
  • Матеј Јаневски (13) – бронзен медал (трето место)
  • Томислав Атанасовски (14) – бронзен медал (трето место)
japonija nagradi

„Максимално и обилно ги береме плодовите од квалитетот на цртежите што ги создаваат нашите ученици во Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола.Не е мала работа да се освојат 19 награди на големиот светски детски ликовен конкурс организиран од Музејот на современа уметност во Цеље – Словенија, како и на уште поголемиот конкурс на Министерството за надворешни работи на Јапонија.И покрај недостигот од основни професионални услови за работа и летната пауза, најталентираните ученици работат без прекин. Токму тоа е резултатот на нивната посветеност и на координацијата што ја има Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола.Мисијата на нашиот основач можеби за некого изгледа луцидна, но речиси 60 години работиме според принципите што тој ни ги остави во аманет. Сè додека можеме, ќе ги одржуваме. На државата, институциите и општествено одговорните компании останува да го препознаат тоа.Резултатите се најдобриот показател, а тие навистина ни импонираат“, изјави Славчо Неделковски, претседател на Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, потребна е храброст за да се оствари визијата
Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан …
Солта е неопходна, но и опасна: Научете ја вистинската мера
Солта е клучна за нашето здравје, бидејќи учествува во извршување на многу …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…