До Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола простигнаа и резултатите од престижната Меѓународна изложба на уметност за деца “Fragrance of Art Buds”.
Овој настан кој е од исклучително значење за детското сликарство за 2О24 година е во организација на Министерството за култура на Индија во чест одбележување на 77 годишнината од индиската независност а истата има за цел да ги прослави креативноста и талентот на младите уметници од целиот свет.
“Fragrance of Art Buds” 2О24 е повеќе од обична изложба – тоа е прослава на уметничкиот дух и креативната извонредност.
“Ние како организација имаме долгогодишна 3 декадна плодна соработка со овој светски детски ликовен конкурс во Индија кој генерира и изложба која во текот на една календарска година патува низ секоја провинција во земјата организатор но и низ целиот азиски континент.
Особено чест ни е што оваа година од испратените 3О детски ликовни творби на слободна тема од исто толку членови на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со високи награди се здобија 1О наши ученици.
Со златен медал – прво место во својата возрасна категорија се здобија: Леа Стерјев [ 16 ] и Андреј Миленковски [ 12 ]. Оваа награда организаторот во името и на Министерството за култура на Индија ја доделува во чест на Хенри Спенсер Мур кој е еден од 1О-те основачи на овој конкурс.
Со сребрени медали т.е. второ место во својата возрасна категорија се здобија: Aна Полизовска [ 15 ], Матеј Јаневски [ 11 ], Јана Талеска [ 1O ] и Давид Атанасовски [ 8 ]. Овие награди се воедно и именувани како специјален избор на меѓународната жири комисија и го носат името на господинот Кешав Шанкар Пилаи во негова чест.
Бронзени медали се доделени за нашите ученици: Миа Мицевска [ 14 ], Анастасија Димитријовска [ 13 ], Ана Марија Спировска [ 12 ] и Томислав Атанасовски [ 11 ].
Овој огромен успех е потврда на нашата посветеност и мисијата на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола кон промоцијата на своите ликовни таленти како и нашиот град Битола и Македонија.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС.
“Fragrance of Art Buds” како концепт на конкурс и изложба во светот на детското ликовно сликарство се појави за прв пат пред 42 години т.е. во 1982 година и во своите први 15 години беше од национален карактер.
“Конкурсот во Индија за нас е голем предизвик. По 42 години постоење жири комисијата има полни раце работа како само од Индија пристигнаа 2О.ООО детски ликовни цртежи кои успеале да ја поминат ригорозната селекција што говори дека оваа цифра во реалност е огромна.
Меѓународното учество како ко-организатори на настанот се Министерството за култура на Индија и Владата на Индија е предизвик сам за себе.
Оваа година процесот на селекција го поминаа само школи од Унгарија, Бугарија, Словачка, Кина [ Хонг Конг ], Словенија, Литванија, Латвија, Македонија, Романија, Србија и Полска затоа што максималниот дозволен број на странски земји учеснички е околу 1О.
Чести ни е што сме избрани и наградени како единствени претставници на својата земја и тоа 3О години по ред учество.
Воедно организаторот упати и посебна Диплома за оддавање почести со Покана кон нашата претседателка Елена Хаџи-Антоновска да присуствува на отворањето на изложбата во Њу Делхи – Индија што е исто така огромно признание кон активностите на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.
Она што не изненади е одлуката на организаторот наградите кои оваа година ги освоија учесниците од Индија на нашиот “Мал Битолски Монмартр” во своето 43 издание да бидат доделени на церемонијата на објавување на резултатите што е посебна привилегија за нас.” – истакна Неделковски од ДЛС.