Пет членови на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола се здобија со награди од 16. Светски детски ликовен конкурс од Естонија кој се реализира со поддршка на Министерството за култура на оваа земја.
“Темите кои конкурсот во Естонија ги нуди се прилично забавни затоа што експлицитно бараат кретивност кај младиот ликовен уметник. За 2О25 година тоа беше “Црвено – жолто – зелено” што значеше дека сите цртежи треба во огромен процент да се создадени во овие три бои.

По интуиција за нас тоа беше семафор но по разговорите со нашите членови наидовме на мал милион нешта во кои можеме да ги истакнеме зададените бои и младите уметници го прифатија предизвикот како забава пред се.
На конкурсот беа пратени 15 цртежи а Жири комисијата ја награди нашата ученичка Миа Мицевска со бронзен медал – трето место во категоријата ученици од 14 до 18 годишна возраст.
Со награди “дела кои ќе се дел од изложбата за 2О26 година” наградени се учениците Стефанија Димитријовска , Фросина Полизовска, Димитра Филиповска и Марко Неделковски.

Ова за нашето студио и нашите членови е голем успех кој доаѓа само еден ден пред почетокот на второто полугодие за школската 2О25/2О26 година за Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.
Воедно во очекување сме и на резултати од уште 1О ликовно конкурси а се работи на нови пет а веќе започна “лудилото” од огромен број пратки од 44 издание на светската детска ликовна изложба по конкурсот “Битола” како и подготовките на 45 јубилејно издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” 2O26″ – истакна Славчо Неделковски од ДЛС.








