nissi bay beach nas

Доколку Вашиот идеален одмор сакате да биде на некое рајско место со тиркизна вода и бел песок како плажа, тогаш не треба да патувате многу далеку. На околу 1200 километри оттука се наоѓа една од најубавите плажи во светот – плажата Ниси во Аја Напа, Кипар. Кипар никогаш не бил подостапен.

Благодарение на ЈК Травел, Читај бе имаше можност да ги види убавините на оваа островска земја. Затоа, уживајте во фотографиите и видеата направени од Саше Богоевски.

Плажата Ниси отсекогаш била многу популарна, како кај локалното население, така и кај многубројните туристи кои го посетуваат островот секоја година.

За неа постои само еден збор – прекрасна. Водата е толку чиста и го рефлектира сонцето, така што морето секогаш изгледа совршено сино – или поточно речено тиркизно. Совршено место за релаксација, уживајќи во скоро нереалниот панорамски поглед.

Прошетајте низ финиот бел песок во морето и ќе видите колку смирувачко е чувството. На оваа плажа морето не е длабоко, па така ова е одлична дестинација за целото ваше семејство.

Во целина, Кипар има премногу прекрасни плажи, но навистина има нешто екстра посебно за плажата Ниси што ја прави толку незаборавна за сите оние кои ќе ја почувствуваат нејзината магија.

Ниси беше прогласена за 22-та најдобра плажа во светот, на Tripadvisor Travelers’ Choice Awards 2023 година. Рангирањето беше одредено врз основа на илјадници прегледи и мислења собрани на глобално ниво на Tripadvisor во текот на изминатата година.

Ниси, исто така, влезе во топ 25 плажи во Европа, каде што се рангираше на високото седмо место.

Најверојатно е затоа што плажата Ниси навистина има сè. Се разбира, тука е очигледната, топла, чиста вода, безбедна средина со спасувачи и погледи што го одземаат здивот. Можеби исто така голем удел имаат и 270-те сончеви денови годишно. Но, плажата Ниси има уште многу да понуди. Плажата е многу достапна и има можност да уживате во широк спектар на спортови на вода.

Поминете еден ден на оваа плажа и нема да морате да одите далеку за да имате пристап до се што ви треба. Веднаш на плажата има тоалети и соблекувални, удобни лежалки со чадори што даваат сенка, а блиску ќе најдете толку многу ресторани кои нудат секаков вид на кујна. Сакате пијалок? Нема проблем, имате голем избор на барови и кафулиња.

Речиси снежно белата плажа на плажата Ниси се наоѓа во туристичкото место Аја Напа и е опкружена со планини, карпи и живописни острови, но и многу историја. Покрај многуте културни претстави и концерти, на плажата Ниси се одржуваат и луди забави. Но, плажата Ниси, исто така, има многу што да понуди и за едно семејство.

nissi bay beach 9

Западно од плажата Ниси ќе откриете мал остров. Овде ќе најдете самци во потрага по мир и тишина, како и љубители на сончањето. Можете да стигнете до овој мал остров преку мала песочна патека од брегот, која исчезнува доколку надојде плимата. Тогаш, ако не сакате да пливате, ќе мора да се вратите со брод.

Да констатираме – плажата Ниси е атракција, а доказ за тоа е и фактот дека е најфотографираната плажа на Кипар.

Да се ​​биде на истата листа со познатите плажи како Бонди Бич и Мајами Бич е прилично неверојатно, но за секој кој некогаш ја посетил плажата Ниси, ќе разбере дека тоа е многу заслужено признание.

Разгледајте ја одличната понуда на ЈК ТРАВЕЛ за Кипар и пронајдете го Вашиот одмор од соништата.

475405111 920332386934362 4106732147725808077 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…