martin 1

Младите  волонтери кои беа дел од проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, реализиран од страна на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, мапираа повеќе од 40 диви депонии во општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци. Дел од нив се депонии во создавање, а дел се веќе постоечки диви депонии кои претставуваат сериозен еколошки проблем за  животната средина во Пелагонискиот регион.

martin2

Мапирањето се вршеше од страна на младите волонтери преку платформата  www.mapiraj.mk. Покрај младите волонтери, оваа платформа претставува мехамизам преку кој секој граѓанин кој забележал депонија ќе може да придонесе кон нивна идентификација. Идентификуваните локации каде што постојат диви депонии претставуваат појдовна точка за понатамошно преземање на активности за застапување на локално ниво за нивно расчистување и забрана за повторно нивно создавање.

На завршна конференција што се одржа на ден 23.05.2024 година во хотелот Бела куќа во Битола, проектниот тим ги презентираше резултатите на овој проект. Но, на настанот иако сите уредно беа поканети, ниту еден од градоначалниците од Пелагонискиот регион не одговори позитивно на поканата од Здружението Интерактив – Битола.

martin3

„Нашата цел е навремено да алармираме депониите во создавање да не прераснат во потешко решливи нелегални локации за одлагање на отпад. Сакаме да ја подигнеме јавната свест дека нашата животна средина е наш заеднички дом и сите поднеднакво треба да се грижиме за неа“, изјави координаторот на проектот, м-р Иван Дургутов.

Претходно, младите волонтери беа обучени да мапираат депонии во Пелагонија, а беше организиран и дебатен клуб на тема: „Примената на современите дигитални технологии во функција на почиста животна средина“.

„Бевме поведени од идејата преку силен младински активизам да придонесеме за почиста Пелагонија и верувам дека успеавме во тоа. За да го поттикнеме тој младински активизам организиравме серија предавања на тема ‘Дивите депонии – предизвик во урбаните и руралните средини’, ‘Еко новинарство’ и ‘Креирање еко кампањи и нивната улога во современото живеење’“, рече д-р Анета Шијакова Котевски, обучувачка во проектот.

445613966 459526126471944 1350442614868052642 n

Освен Шијакова, вредни искуства од областа на еколошкото новинарство и комуникациите пренесе и меѓународниот новинар Мартин Николовски.

Во текот на обуката, учесниците се запознаа и со креирањето на еко-блог, креирањето на еколошки кампањи и нивната улога врз екологијата во современото живеење, како и дебатен клуб за тоа каква е улогата на младите во надминувањето на современите еколошки предизивици на локално ниво.

Еко-блогот на младите волонтери им овозможи да пишуваат блогови и статии поврзани со екологијата и заштитата на животната средина. Преку тоа тие практично се најдоа во улога на креатори на содржини и кампањи кои влијаат во јакнењето на еколошката свест на граѓаните.

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од  Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија.

Триото Интерарт настапи во Рим – македонската камерна музика на сцената на Teatro di Marcello
Камерното трио Интерарт од Битола оствари значаен меѓународен настап во Рим, каде …
Три европски дестинации за незаборавно есенско патување
Доколку сакате патување полно со нови искуства, живописни пејзажи и автентична култура …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…