Бит Фест е приказна која е препознатлива за Битола и регионот, а воедно и платформа за учество на бројни докажани уметници од регионот, односно можност за многу уметници да дебитираат.  Па така впрочем настанал и Фестивалот за литература и аудио визуелни уметности „300 Работи, Триста“ кој е дел од таа приказна уште од 2013-та година.

Дури и самиот фестивал влече корени од „Live – Литературен Перформанс“ кој беше дел од програмата на Бит Фест 2012.

Ви ја презентираме овогодинешната програма на фестивалот „300 Работи, Триста“ која влегува како – ОФ Програма во централниот фестивал Бит Фест 2022 , истата ќе биде концентрирана во 3 фестивалски вечери и тоа:

294847460 10210097464268585 2257828531904154408 n

25.07 (Понеделник)

20:00 Отворање на фестивалот со музички настап на групите:

20:15 Corrosion  / 21:00 Sound Waves

Пропратено со видео проекција

294502121 1914769702044214 7964507186074504932 n

 26.07 (Вторник)

21:00 Проција на зборник на трудови и уметнички дела „Колегиумски ЗАПИСНИК 009“

Пропратена со Дизајн на храна, музика и уметност во организација на здружението ЛАТЕРАЛ Битола.

21:45 Дј сет на познатиот уметник од овие простори ILE THE HAIR, Иле Косата

294464056 1212310809602156 5616376323704614091 n

27.07. (Среда)

20:30 Tsampazis Makis bouzouki

Гостување на Бузуки бенд од соседен Лерин, пропратено со презентација на регионална храна, музика и уметност која е автентична за овие овие простори. Односно ќе бидат поставени графики и уметнички дела од автори од Битола, ќе се дегустира храна која е автентична за двата града Битола и Лерин и во една естески издржана атмосфера благопријатно ќе се напаѓаат сите сетила на посетителите.

294236487 1670596779989366 7630471282593332443 n

Сите настани ќе се одвиваат во уличката пред Радост Кафе, влезот е слободен.

    Интелигенцијата не се мери со диплома
    Интелигенцијата не е исто што и образованието. Многу луѓе грешат кога го …
    Четири работи што треба да им ги кажувате на децата секој ден
    Постојат многу начини на кои можете да му кажете на детето дека …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…