Во организација на Ryco со проектот Superschools, од 21-26 март ќе се оствари соработка помеѓу Државно музичко училиште – Битола и Музичко училиште “Стеван Мокрањац” од Пожаревац, Србија. Битолското музичко училиште најавува прекрасен музичка програма и активности во кои учествуваат 13 ученици од Битола и исто толку од Пожаревац, со што младите имаат можност да се претстават себе си, своите училишта и обичаи, и да научат нови работи за локалните заедници.
RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка – меѓувладина организација, која има за цел да го промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во Западен Балкан преку програми за младинска размена; како и Програма Суперучилишта (Superschools) која претставува програма за училишна размена во Западен Балкан 6 со цел да се поддржат процесите за градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог. Програмата се спроведува три години и е дел од мултидонаторскиот проект „Шема за размена на училишта за Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Проектот придонесува за зголемување на вештините и знаењето на младите луѓе од Западен Балкан преку унапредување на образовните системи и промовирање на соработката во регионот, преку воспоставување регионална шема за размена на училишта.

277148018 3113132749005315 8340024734382391775 n
Активности започнаа кон крајот на 2021 година со повеќе онлајн средби, работилници и обуки со партнерското училиште, одговорни лица, претставници на Ryco – Superschools од Скопје и координатори од Западен Балкан. Одговорни лица за проектот од Државно музичко училиште се психологот, Нина Тасевска – координатор, проф. м-р Маја Митровска – музички координатор и проф. м-р Билјана Павлова – тим соработник.
Првата средба на учесниците се одржа во Приштина, од18-21 февруари 2022 год. Настанот го отворија раководителот на локалната подружница на RYCO во Косово, г-ѓа Кренаре Гаши-Красниќи, проект менаџерот на ГИЗ г-дин Јасмин Валејвац и координаторот на програмата за супер училишта на RYCO, г-дин Астрит Реџепи.

277154109 704947687202764 163541250047586990 n
Обуката ја водеше високиот консултант во областа на меѓукултурниот дијалог, градењето мир и помирување, г-ѓа Сара Кларк – Хабиби. Наш претставник беше проф.Билјана Павлова.

276003088 666781781207142 7705112383621286526 n
Вчера пристигнаа гостите од Пожаревац, а дружбата во Битола со партнерското училиште, ќе трае до крајот на оваа седмица, период во кој се планирани повеќето активности. За музичките активности за време на посетата е задолжена проф.м-р Маја Митровска.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…