Една сцена. Еден оркестар. Гласови од 20 држави. Една незаборавна вечер!
На 20 август во Струга ќе се одржи спектакуларниот концерт „WORLD HITS NIGHT“, музички настан кој ветува вечер исполнета со најголемите светски хитови и незаборавни музички моменти.
Публиката ќе има можност да ужива во настапите на интернационални солисти од 20 држави, придружувани од Битолскиот камерен оркестар ДИВА, под диригентската палка на маестро Владимир Димовски.
На програмата се најубавите и безвременски хитови од филмови, мјузикли, кабаре, MTV хитовите од 80-тите и 90-тите, како и бројни музички изненадувања.

„WORLD HITS NIGHT“ не е само концерт, туку музичко патување низ различни епохи и жанрови, во кое познатите светски хитови ќе добијат нов, моќен симфониски звук.
📅 20 август 2026 година
🕢 19:30 часот
📍 Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга
🎟️ Билет: 300 денари
Билетите можат да се купат во просториите на Центарот за култура Струга.

Не дозволувајте да ви ја раскажуваат оваа вечер – доживејте ја!
Бидете дел од концертот кој ќе го обележи летото и уживајте во најголемите светски хитови изведени во живо со моќен симфониски звук.








