Шеста година по ред во битолската чаршија по повод Рамазан Бајрам муфтиството дели баклава на секој минувач во духот на празникот. Единствено за време на пандемијата не се одржа оваа традиција, па граѓаните дури прашувале дали ќе продолжи . Се поделија над 600 баклави.

“Прекинавме во време на корона и сите луѓе прашуваа дали повторно во чаршијата ќе даваме баклава, дали повторно ќе се собериме и чаршијата ќе живее во тој дух. Тоа се покажа дека е многу позитивно, бидејќи оваа баклава не е само за нас од исламнската вера, туку за цела чаршија, за сите минувачи, од цела општина. Со оваа бајрамска баклава испраќаме порака до сите граѓани од исламската вера, но и до сите граѓани на Општина Битола и пошироко, дека подарувањето, почестувањето во празничните денови, кога ние се чувствуваме среќни, сакаме и другите да бидат среќни, да живееме така и да креираме во општество во кое ќе живееме сите заедно, а тоа најдобро се прави кога ќе го почестиш твојот комшија или сограѓанин“, изјави Амит Расими, битолски муфтија.

Битолчани велат дека е убава традиција, во духот на космополитска Битола.

„Убава традиција, години сме живееле заедно и треба да ја продолжиме таа традиција. Јас сум растена во маала со муслимани, тие за Велигден доаѓаа кај нас, а ние одевме на баклава. Се заедно славевме“, вели битолчанка која им го честиташе празникот и проба од баклавата.

baklavaa

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…