beach 5691606 1280

Грција ги потсетува сите туристи на правилата кои мора да се почитуваат кога сте во оваа земја.

Имено, покрај бројните новитети кои ги воведе Грција, властите на оваа земја потсетуваат и на старите правила.

Ова се таканаречените мирни часови, чија примена стапи на сила од 1 април и трае до 30 септември.

Како што наведува „Прототема“, целта е да се заштити мирот на жителите во топлите месеци.

Според полициската наредба, под број 3/1996, во споменатите „мирни часови“ се опфатени периодите:

Попладневен мир: Од 15 до 17:30 часот
Ноќен мир: од 23:00 до 07:00 часот

Што е забрането во овој период?
Властите во Грција строго ги забрануваат следните активности во овој временски период:

– Работа или други активности кои предизвикуваат бучава. Исклучок се итни случаи, со посебна локална дозвола, особено за комунални работи
– Свирење на инструменти, свирење ТВ и радио програми со голема јачина, потоа викање, гласно танцување и кој било друг настан што може да ги вознемири жителите во станот
– Пеење, викање и свирење на инструменти на јавни места, како што се улици, плоштади и транспортни средства
– Правење врева во кафулиња, места за забава или други јавни центри, како и интензивни дискусии со гостите
– Гласни дискусии на станиците за јавен превоз, утовар и истовар на стоки и бучна работа на моторите на возилата на постојката
– Употреба на сирени или други звучни безбедносни системи без опасност, вклучувајќи ја и нивната пробна работа.

Казни за прекршување на прописите
Прекршувањето на овие правила во Грција повлекува сериозни последици:

– Затворска казна до 5 месеци
– Висока парична казна како алтернативна санкција

Како што јави „Параполитика“, грчките власти ги третираат „тивките периоди“ како сериозна мерка за зачувување на јавниот ред, особено во летните месеци кога бројот на туристи го достигнува својот врв.

Што треба да знаат туристите?
За туристите кои планираат одмор во Грција, почитувањето на мирните часови е задолжително, без разлика дали се во приватно сместување, хотел или на јавни места. Сопствениците на сместувањето се обврзани да ги информираат гостите за овие правила за да се избегнат казни и непријатности.

SUMMER JK post
(ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…