Според годишната програма за одбележување на 2О годишнината од основањето на македонскиот Културно – информативен центар во Софија поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија на 8 јули 2O25 година во галеријата на македонскиот КИЦ во Софија беше отворена изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2O25″, составена од детско ликовно творештво создавано во рамките на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” во 2О24 година.



Изложбата од колонијата „Мал Битолски Монмартр” го претставува македонското културно наследство преку делата на децата од различни земји во светот. Колонијата „Мал Битолски Монмартр” генерирала ликовни дела во текот на 44 години работа со млади ликовни таленти.
Овој извадок од 2O дела од големиот број детски творби ја прикажува старата македонска архитектура – култура и традиција.



Тоа е детското ликовно творештво кое се акумулира низ годишната програма на здружението кое собира и над 8О.ООО детски ликовни цртежи од над 85 држави од светот со учество од над 8OO училишта како и над 8ОО создадени ликовни уметнички дела од млади ликовни таленти од едно издание на колонијата или збирно над 2.ООО.ООО дела на млади уметници низ 44 години.
Изложбата за отворена ја прогласи директорот на македонскиот КИЦ во Софија д-р. Зоран Пејковски кој ги истакна вредностите кои своевремено на самиот почеток ги зацртал и во основа целосно реализирал и надградил основачот професор Коста Хаџи-Антоновски.
Пред гостите се направи мала ретроспектива за развојот на колонијата. Меѓу нив и претставници од странските дипломатски претставништва во Софија како и членови на Бугарската академија на науките.



Претседателката Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на управниот одбор на организацијата – организатор Славчо Неделковски остварија и средба со амбасадорката на Македонија во Бугарија Н.Е. Агнеза Руси Поповска и студенти кои беа во посета на амбасадата и македонскиот КИЦ во Софија.
“Особено симболично за нас е што идентична изложба – секако со други дела на ученици кои сега се еминентни професори во целиот свет ние во македонскиот КИЦ во Софија реализиравме пред точно 2О години и бевме една од петте организации со кои овој центар и го започна своето патешествие а дотолку повеќе ни е чест што сме тука во година кога македонскиот КИЦ во Софија одбележува 2О години постоење а се претставуваме со изложба на 2О дела од Турција – Босна и Херцеговина – Кина ( Хонг Конг ) – Тајланд – Србија – Португалија – Албанија – Македонија … ” – истакна Славчо Неделковски.

Мисијата на организацијата на полето на детското сликарство има одлична соработка и со Бугарија од кои позначајни последните години се изложбата во соработка со Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи на Бугарија во 2О22 година во чест на одбележување на светскиот ден на детето како и колониите на ученици од двете држави во 2О22 и 2О23 година во Пловдив – Копривштица и Софија со организацијатата партнер.
Оваа 2О25 година колонијата во Битола беше реализирана и со финансиска поддршка и на министерството за надворешни и министерството за култура на Бугарија заедно со финансиската поддршка на македонското министерство за култура и пред се Општина Битола.
“Есенцијата на културната дипломатија е пред се почит и безусловна соработка особено кога се работи за нашето највредно нешто – младите ликовни таленти и уметници чиј фокус во оваа етапа од нивниот живот е творештвото – забавата и пријателството со своите врсници од цел свет.
И таа мисија е основниот постулат за нашето постоење”. – истакна Неделковски.
Организацијата додели и Благодарница кон македонскиот КИЦ во Софија за 2О години промоција на македонската култура. Изложбата ќе биде отворена до 28 јули 2О25 година.








