анастасија насловна

На 18ти ноември во Македонската Опера и Балет се одржа 5то роденденско издание на Интернационалниот танцов натпревар „Stage”. На овој натпревар учествуваше и Анастасија Центар, заедно со учесници од Србија, Бугарија, Романија, Хрватска, Белгија, Турција, Косово. Анастасија Центар се претстави со 11 кореографии на Стефанија Милевска Враниќ и костими на Анастасија Зулевска, во категориите: мини, деца, јуниори и сениори во модерен/ современ, акро и отворен стил, во група и со соло точки. Фотографии: Ивона Кочов.

Први награди освоија најмалечките со групната кореографија „Mosquito“, дуото на јуниорите Илина и Матеја – „Broken”, триото на сениорите Сања, Екатерина и Глориа – „Conjure the wind”.

Втори награди за групните кореографии: категорија деца -„Running with the wolves” и категорија јуниори -„Spectrum”.

Второ место за солата на: Уна „Speechless“, Ева – „Find hope in the hopeless“ и Елеонора „Love“.

Ема и Јована ги освоија симпатиите на публиката и предизвикаа силни овации. Јована настапи со солото „Don’t mess with the girls“ и го освои третото место, а Ема настапи со солото „Power“ и го освои четвртото место борејќи се со огромната конкуренција во нејзината категорија. Меланија за прв пат настапи со соло „Heartless“ и го освои петтото место.

Овие успеси на децата и младите на Анастасија Центар се само дел од низата на искуства што ги доживуваат на големите сцени. Секој успех е мотивација и награда за нивниот труд кој го вложуваат секојдневно. Организацијата на натпреварот беше како и секоја година на највисоко ниво.

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…