Од 18-ти до 24-ти август, за прв пат во историјата на Црвениот крст се организира „Мини Олимпијада на Црвен крст Битола”.
„Поттикнати од тековните Олимписки игри во Париз, а воедно мотивирани од огромната желба во нас да создадеме хуманитарен настан, цела недела ќе се играат натпревари од различни спортски дисциплини каде како играч може да учествува секој од вас кој сака да го разбуди она химаното во себе. Котизацијата е симболична од 100 денари на натпреварувач, а собраната сума ќе биде донирана. Пријавувањето е преку QR кодови што се на подолната слика и преку линкови кои можете да ги најдете на официјалната Фејсбук страна на Општинска Организација Црвен крст Битола“, велат од ОО Црвен крст Битола.
Свеченото отворање на Олимписките игри е на 18-ти август во 19:30 на Плоштад Магнолија на кое секој ќе може да присуствува.