Меѓународниот ден на леваците се слави на 13 август секоја година, и е посветен на сите левораки луѓе како ден за подигнување на свеста за секојдневните предизвици со кои се соочуваат левораките во светот дизајниран за деснаци.
Истражувањата покажуваат дека помеѓу десет и дванаесет проценти од светската популација се леваци.
И покрај тоа што да се биде левак може да значи дека одвреме-навреме да се борите со ножици создадени за деснаци, да се биде левучар е прилично кул!
Левата и десната страна на мозокот
Мозокот функционира вкрстено, што значи дека десната страна ја контролира левата страна на телото и обратно.
Научниците од Универзитетот во Оксфорд велат дека мозокот на левораките работи поинаку од оној на деснаците.
Во една студија, мозокот бил следен кај левораките учесници. Научниците велат дека двете страни на мозокот биле подобро поврзани кај левичарите и покоординирани, особено во областите кои вклучуваат употреба на јазикот.
Крис Мекманус, од Универзитетскиот колеџ во Лондон, автор на книгата Десна рака, лева рака вели:
„Ако сте левак, може да се најдете со малку необичен начин на организирање на вашиот мозок и одеднаш тоа ви дава вештини што другите луѓе ги немаат“.
Често се тврди дека леваците се покреативни и подобри во уметност или музика. Сепак, нема доволно научни докази за да се докаже ова досега.
Едни од најпознатите левучари се/биле: Леонардо Да Винчи, Наполеон Бонапарта, Мари и Пјер Кири, Микеланџело, Аристотел, Бил Гејтс, Џими Хендрикс, Рафаел Надал, Киану Ривс, Принцот Вилијам, Џулија Робертс, Анџелина Џоли, Барак Обама, Опра Винфри, Дејвид Боуви, Морган Фриман, Марк Цукерберг, Гордон Ремзи, Лејди Гага, креаторот на Симпсонови, Мет Гронинг (затоа Барт Симпсон пишува со левата рака) и уште многу други…
Левораки животни?
Луѓето се едни од ретките живи суштества кои покажуваат предност меѓу левата и десната рака. Повеќето суштества, дури и мајмуните, се поделени 50/50 кога станува збор за тоа која рака, нога или шепа најмногу ја користат.
Сепак, како левораки животни се истакнуваат кенгурите, кои имаат тенденција да ја фаворизираат нивната лева шепа за работи како што се чешлање и јадење. Исто така, студиите покажале дека 90% од папагалите ја користат левата нога за да ги подигнат работите.
Левораките биле сметани за несреќни
Значи, како што знаеме за многу култури, да се биде левак се смета за лоша работа и историски тоа е исто така случај!
Левучарите се сметаат за несреќни, па дури и зли – зборот „злобен“ доаѓа од латинскиот збор за лево.
Во Британија во средниот век, левучарите биле поврзувани со вештерство.
За среќа, левучарите деновиве треба да се грижат само дали ќе го размачкаат својот ракопис.
Некои студии сугерираат дека сè повеќе луѓе се леваци, но тоа е веројатно затоа што претходно се сметаше за толку лоша работа, па луѓето не го признаа тоа.