672428232 1554393430020903 1821303755535768609 n

Македонскиот инди-рок бенд Милко вечерва, сабота 18 април ќе настапи во Везилка во Битола, каде со почеток од 22 часот ќе одржи концертна промоција на своето најново, шесто музичко издание.

Станува збор за ЕР-то „Последен ден“, кое беше објавено во февруари годинава во соработка со Шарла Рекордс. Изданието содржи четири песни и означува нова креативна фаза во нивната работа.

Вечерашниот концерт во Битола ќе биде прва можност публиката во живо да го проследи новиот материјал во концертен формат, заедно со дел од песните што низ годините го формираа препознатливиот звук на Милко. Станува збор за песни што долго си го бараа местото, за звук што најдобро се разбира навечер и за сè она што останало недоискажано меѓу едно студио и една сцена. На концертот, бендот ќе го донесе сето она што со месеци, години, проби и тишини се собирало за една ваква вечер.

Бендот постои од 2008 година и годинава одбележува 18 години творештво, зад себе имајќи вкупно шест музички изданија. Со тој континуитет, Милко се вбројуваат меѓу подолговечните и автентични имиња на македонската независна музичка сцена. Новото ЕР се издвојува со освежен звук и јасно изграден авторски пристап, а во песните гостуваат Нинослав Спировски, Хана Корнети и Јоана Ристевска.

Настанот ќе се одржи вечерва, 18 април, во Везилка во Битола, со почеток во 22:00 часот. Цената на билетот е 200 денари.

Колку посреќно луѓето живеат, толку поедноставно се облекуваат
Познатиот француски моден дизајнер Ив Сен Лоран рекол дека најважна работа за …
Wolt пристигна и во Битола
Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…