jazz nagrada

Годинашниот лауреат на наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез-музичар за 2025 година, која традиционално се доделува во рамките на Џез фактори фестивалот во Битола, е саксофонистот Христијан Ристески – музичар кој живее и работи во Австрија и се издвојува со својот јасен и современ израз. Свеченото врачување на наградата се одржа во НУ Народен театар Битола.

„Чест и задоволство ми е да бидам овде. Оваа награда претставува признание за целиот труд што сум го вложил низ годините, како и за љубовта што ја имам кон музиката и џезот. Континуитетот е многу важен, бидејќи во оваа професија се соочуваме со многу предизвици и тешки периоди. Сепак, мора да се продолжи напред – нема застанување. Љубовта кон музиката е главниот двигател“, изјави Ристески.

jazz nagrad1
jazz nagrada4

Наградата оваа година доби дополнително значење преку партнерството со „Синпекс“, како поддршка за нејзиниот понатамошен развој.

„Културата не е трошок, туку инвестиција во вредности што остануваат. Поддршката на вакви настани значи создавање услови сцената да се развива и да има континуитет“, изјави Христина Фуна од „Синпекс/UTOPIA“, која ја додели наградата и додаде:

„Задоволство ми е да бидам дел од фестивалот и им честитам на организаторите за деветгодишниот континуитет. „Синпекс“ како компанија е поддржувач на културни настани, а земајќи ја предвид важноста на џезот, ние секогаш стоиме зад вакви иницијативи. Особено ми е чест што ја доделувам оваа награда на младиот Христијан. Ова не е само признание – ова е глас кој допрва ќе се слуша, а ова ќе биде само една страница од неговата музичка приказна.“

jazz nagrada2
jazz nagrada3

Во оваа соработка помеѓу Џез фактори фестивалот и „Синпекс“, важна улога има и личната поврзаност со џезот на Синиша Петровиќ, еден од основачите на компанијата, долгогодишен љубител на џез музиката и посетител на концерти ширум светот. Токму оваа страст придонесе за природното поврзување меѓу фестивалот, „Синпекс“ и „UTOPIA“ како дел од програмата.

Во „UTOPIA“, љубителите на џезот имаа можност да присуствуваат и на концертот на Ристески квартетот.

Визуелниот идентитет на наградата, вклучувајќи ја и нејзината форма, е дело на Ања Ристевска.

Во изминатите години, наградата ја добија: Александар Ванчовски, Филип Динев, Александар Бошков, Јован Цветковиќ, Давид Скерлевски и Теодор Јаневски – имиња што ја поставуваат јасната линија во која годинава се впишува и Христијан Ристески.

Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…