Неполни 30 дена по завршувањето на 41. издание на Светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр ’22” и 40. Светска детска ликовна изложба “Битола ’22” – Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола во соработка со Фондацијата „Бугарска Меморија“ и партнерство со Културно – информативниот центар на Република Бугарија во Република Македонија, успешно беше реализирано првото издание на „Мал Монмартр во Пловдив ’22”.

На детската ликовна колонија која заврши вчера, учествуваа 22 ученици кои под менторство на своите ликовни педагози и твореа три работни дена на настанот кој траеше од 29.06. до 03.07.2022 година – три дена во Пловдив и 2 дена во Софија.

Благодарение на Фондацијата „Бугарска Меморија“ и нејзиниот основач и претседател Милен Врабевски и Претседателот на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола, Елена Хаџи-Антоновска, учениците освен активности поврзани со детската ликовна колонија реализираа и огромен број едукативни и туристичко информативни посети на варијации на локации со туристички водичи, но и забавно – рекреативни содржини.

Првиот работен ден се сликаше на Кајакарскиот канал во Пловдив и од 22 уметнички дела тричленото жири за четири најдобри ученици на денот ги прогласи: Ивана Ејкова, Ана Полизовска, Златка Катранџиева и Марија Јанкуловска.

Вториот работен дел се реализираше во Капана или старата чаршија на Пловдив каде наградени ученици беа: Мехди Башов, Пенелопа Кочевска, Иван Занев и Ангела Цветковска, додека третиот работен ден на детската ликовна колонија се реализираше во Софија каде се сликаше Народниот Театар „Иван Вазов” каде комплексноста на архитектурата зададе огромен предизвик за младите уметници.

Посебна благодарност беше доделена на Ивана Петрова која спаѓаше во категоријата на ученици од 9 до 11 годишна возраст за умешноста целосно да го заврши своето ликовно дело, додека пак жирито одлучи за најдобри млади уметници на денот да ги прогласи: Никола Ташев, Виктор Димовски, Јозлен Медџид и Ана Полизовска.

Колонијата за затворена ја прогласи Претседателот на организациониот тим – Проект менаџерот на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола – Славчо Неделковски кој во име на двете организации истакна дека ‘ркулецот од оваа прва детска ликовна колонија на Балканот – дотолку повеќе меѓу Македонија и Бугарија е показател дека каде и да се – децата се деца и никој не смее да им го скрати правото безгрижно да творат со своите врсници. Неделковски се заблагодари на Фондацијата Бугарска Меморија – Претседателот Врабевски и Претседателката Хаџи-Антоновска од ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола што ја препознаа големината во детската радост која во својата наивност и невиност мора да ја заштитиме од „светот на големите”.

На чинот на затворање беа доделени Сертификати за учество на сите учесници. Беа доделени и посебни награди во форма на работни материјал за сликање за најмладите учесници: Лили Илиевска, Нина Христова, Ивана Петрова и Каја Темелковска.

Жири комисијата воедно ги прогласи и осумте најдобри учесници на колонијата по основ на сите реализирани дела а и тие освен посебни Сертификати благодарение на Фондацијата „Бугарска Меморија“ добија работни материјали за сликање.

Организаторите истакнаа огромна благодарност и до ликовните педагози Соња Воденова, Ангела Каранфилова и Рахим Арнаудов за одличниот педагошки пристап во работата со младите ликовни уметници.

А за најдобрите осуммина на првата детска ликовна колонија „Мал Монмартр во Пловдив ’22” се прогласени: Леа Стерјев, Ивана Ејкова, Ангела Цветковска, Златка Катранџиева, Ана Полизовска, Иван Занев, Марија Јанкуловска и Јозлен Медџид.

Партнерските организации ветија трајно партнерство и освен идни изданија на колонијата најавија и нови проекти.

„Малиот Монмартр” е традиционална манифестација во организација на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” од Битола веќе 41 година, а истата за прв пат целосно пресликана во формата се одржа надвор од државата, по партнерство и на покана од основачот и претседателот на Фондацијата „Бугарска Меморија“ Милен Врабевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…