Македонскиот бенд КОД 369 потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со најголемата издавачка куќа во регионот, Кроација Рекордс. Во Загреб го снимија и првиот сингл на хрватски јазик со наслов „Права љубав“. Тој зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста.

290386174 762521204947504 3279383721031630805 n

Албумот Stages of Love е првиот албум кој го создадоа и снимија како КОД 369 и истиот наскоро ќе биде издаден од страна на Кроација Рекордс.

„Пред се соработката со Кроација Рекордс за нас претставува една голема чест. Да се биде во друштво со врвните музичари од регионот е признание за нашата долгогодишна работа како автори и изведувачи. Воедно ова за нас е и еден вид благослов, продолжување на успесите кои уште на почетокот ги направивме, а тука мислам пред се на големиот број на музички видеа кои се вртеа на Ем-Ти – Ви Адриа, првите места на топ листите, како и многубројните фестивали чии гости бевме“, вели вокалот на групата Ирена Димовска.

IMG 1277

За потпишувањето на овој договор Ирена истакна дека идејата потекна од нивниот менаџерски тим, односно од Баги комуникации и нивниот менаџер Манде.

КОД 369 е формиран во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури).

КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски), 

meblo trejd popust 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…