Денеска на битолското културно лето, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот.
Утре, среда, на БИТ ФЕСТ, започнува големиот „Балкан гала фестивал“, во организација на Камерниот оркестар на Битола, кој ќе понуди две незаборавни вечери, од кои едната со рок, а другата вечер со поп симфонија.
Во четврток, петок и сабота, љубителите на џез музиката, ќе можат да ја почувствуваат џез магијата низ програмата на „Џез фабрика фестивалот“ на БИТ ФЕСТ.