Ова лето и овие летни горештини поминете ги со најинтересните наслови наменети за деца. Заменете ги телефоните со некоја добра книга, која ќе ви го задржи вниманието.
Покрај лектирните изданија, нашата библиотека располага со голем фонд на книги наменети за секоја возраст. Овој пат, од битолската библиотека ги издвоија следните наслови:
-серијалот „Мачки детективи“
– „Големата авантура во Њујорк“ од Теа Стилтон
– серијалот „Академија за еднорози“
-серијалот „Животот на колеџот“ од Теа Стилтон
– „Последниот настап во оперскиот театар“ од Ирене Адлер
– „Неуредните -опасниот мајмун“ од Мависел Јенер и Зулал Озурк,
– „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ од Оливера Ќорвезироска
– „Јапонски бајки“ од Јеи Теодора Озаки
-„Кралот на Каторен“ од Јан Терлоу
– „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал
И уште многу други наслови!