Со вчерашната проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“, во Киното Манаки започна „Неделата на детски филмови“ која е дел од Битолското културно лето “БИТ ФЕСТ“.
Денешната програма исполнета со детски филмови, продолжува во 11 часот со проекција на детската авантура “Кариран нинџа“, исто така филм синхронизиран на македонски јазик.
На програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“, како и уште една проекција на филмовите „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Кариран нинџа“, но со синхронизација на албански јазик.
Филмовите се прикажуваат во Киното Манаки, а влезот за проекциите е слободен.