dog ga8dde0a12 1280

Дали сме богати доколку имаме полна сметка на банка? Или сме богати ако го имаме најголемото богатство на овој свет – животот исполнет со здравје и среќа?

Дали сме сиромашни ако џебовите ни се празни? Или сме сиромашни ако срцето ни е празно?

Секој од нас има различна перцепција што значи да си богат. За некого се парите, за некого огромната куќа и најновиот автомобил, за некого семејството, за некого слободата, за некого пак будењето секое утро во добро здравје…

Кој е навистина богат, а кој сиромашен…во тој контекст ви пренесуваме една приказна.

Еден ден, еден богат татко го одвел својот син да помине една ноќ со многу сиромашно семејство, за да му покаже како живеат луѓето кои немаат многу пари за трошење.

farmhouse g0515afa42 1280

Кога се вратиле во својот раскошен дом, таткото го прашал синот што мисли за тоа искуство, а синот одговорил: „Тоа беше многу убаво искуство, татко. Научив дека ние имаме едно куче, а тие четири. Имаме многу убав базен, но тие имаат река. Ние имаме сончев покрив, но тие имаат небо со ѕвезди и месечина. Имаме голема тераса со прекрасна градина, но тие имаат шума. Ние живееме на мало парче земја, а тие имаат бескрајни полиња. Имаме лична служба која ни помага, а тие им помагаат на другите. Ние купуваме храна, тие сами си ја собираат својата. Ние имаме ѕидови околу нашата куќа за да не штитат, а тие се заштитени од пријателите“.

Додека детето зборувало, таткото останал без здив додека слушал што му кажува синот. Потоа детето додало: „Ти благодарам татко што ми покажа колку сме сиромашни!“

И за на крај еден цитат од еден од најбогатите луѓе во светот, првиот милијардер во Америка .

„Ако вашата единствена цел е да се збогатите, никогаш нема да ја постигнете“ – Џон Д. Рокфелер

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…