lokum 6

Локум фест е препознатлив како фестивал кои го промовира амалгамот на култури кои битисуваат во Битола, некогашниот град на конзулите, рефлектирана во богатството на музички стилови. Битолскиот Баир дал врвни музички имиња во битолската и македонска музичка сцена, автентични, колоритни, свои и пред се мајстори на инструментот.

Ни претставува особена задоволство да го најавиме настапот на Вевки Амедов и ансамблот „Јужни ѕвезди“, кои настапуваат на затворањето на 17-то издание на Локум фест-музика и традиција.Четврток 20.07 со почеток во 20.30 ч. во старата битолска чаршија на пешачката улица крај вековниот Драгор. Ве очекувам, да слушаме музика,да вкусиме локуми,кафе, да фрлиме по некој муабет, да споделиме сеќавања…

Концертот се рализира како дел од културните настани за промоција на ромска култура во склоп на проектот БАИР – „Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ финансиран од Европската делегација, имплементиран од италијанската невледина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација

Локум фест 2023 завршува со турско-данскот бенд Ypek yolu (Патот на свилата) кои ќе настапат во 22:30 часот во Старата битолска чаршија.

lokum 7
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…