Хуманитарната Организација „УТЕШИТЕЛ” Битола, во соработка со здружението за едукативни и хуманитарни активности Св.Нектариј Битолски, од 17.07.2023 до 23.07.2023 година, организираа духовен Летен камп за деца по Веронаука, во манастирскиот комплекс Св.Петка во с.Велгошти, Охрид.

356959097 657771399606794 6537661639595191419 n

Во склоп на нивните активностите, а заради промовирање на Православните христијански, морални и етички вредности, како основа за градење на здрави, морални и хумани личности во духот на Нашата Православна вера, се оствари овој проект за деца: ”Летен камп 2023”. На кампот имаше дваесет деца, од повеќе градови на Македонија.

356963204 666952651621853 4243223636206836605 n

На Летниот камп имаше многу активности, од духовно воспитен карактер, морално едукативен, спортско рекреативен и забавен карактер.
Имаа часови по веронаука, по пеење, по цртање, посета на цркви и манастири, учество на Свети Божествени Литургии, но и многу забава, игри и капење.

356973326 221552734192445 7209848386093633944 n

„Целокупниот аранжман во овој проект беше бесплатен, благодарение на љубовта на едно благочестиво и хумано семејство од дијаспората. Се надеваме и се молиме, сета духовна храна која по милоста Божја, дечињата ја доживеаја и почувствуваа, да им биде за јачање на нивниот духовен имунитет, за полесно да ги надминуваат сите премрежја во нивниот живот и да добијат дарови на покајание, смирение, надеж и љубов во нивните души, како и за радост и утеха на нивните семејства и сите нас. До година со Божја помош, се надеваме да имаме повторно ваков Летен камп“, вели проф. Драги Анастасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…