Утре од 10 до 12 часот ќе има отворен ден за донации на платото пред Националната детска ликовна галерија „Монмартр” во срцето на старата битолска чаршија каде учениците традиционално ќе сликаат староградска битолска архитектура.

„Благодариме на Општина Битола за времената помош. Државата мора да пронајде трајно решение за нашето функционирање и ние ќе се бориме за тоа. 55 години Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и 4О години светски бренд во детското сликарство „Мал Битолски Монмартр”“, велат од детското ликовно студио.

Инаку Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола денес ја одржа првата прес конференција, на која уште еднаш го објаснаа текот на работите и неизвесната судбина на брендот на Битола, „Малиот битолски монмартр“.

мон

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола во основа останува на барањето трајно решение кое тврди дека треба да е продолжување на поддршката од страна на Министерство за образование и наука на Македонија како и изминатите 30 години и тоа на истото ниво по Програма 2О со која спаѓа во секторот Основно Образование.

„Имаме и активности и ги отворивме сметките за донации. Ние ќе го преживееме периодот додека државата се свести, а решение ќе мора да има. Она што следи е исто така и реализацијата на проектите кои ги планиравме. Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ќе ја започне школската 2О22 – 2О23 година не со 2 класа по 2О ученици како што имавме обврска кон Министерството за образование и наука, ами со 8О ученици. Имаме и сугестии да наплаќаме. Тука како раководство имавме јасна и гласна одлука. Половина век од свој џеб плаќаме за работни материјали се со цел учениците кај нас бесплатно да сликаат и тоа нема да се промени. Ние сме отворени кон секоја донација, но независноста во одлуките е наша, а тие се истите според визијата и мисијата на нашиот основач Коста Хаџи-Антоновски. За крај сумирано го повторуваме апелот кој никако некои политички активисти да го разберат. Прекинете со политичко и партиско боење на проблемот. Овде има само малолетни деца со талент да сликаат а тие и по Закон немаат право на глас. Вашата дневна доза политиканство барајте ја на друго место!” истакна Славчо Неделковски во име на “Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Денеска имале телефонски разговор со министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој им рекол дека активирал комисија за трето мислење кое ќе биде испратено до нив во текот на следната недела.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…