Семејството Никлески од Битола, веќе две децении својот дом, во текот на летото го претвораат во вистински цветен рај, а секој кој ќе помине покрај куќата која се наоѓа на ул. Димитар Тодоровски, се воодушевува од складната декорација и разните бои на цвеќињата.

meblo trejd popust

На балконите и во дворот има најразлични видови цвеќиња и тоа: бегонии од сите видови, сардели од сите видови, сурфинии, англиски-кралски сардели, петунии, кана, трендафили и сл. Исто така во дворот има и неколку видови украсни зимзелени дрвца кои дополнително го оплеменуваат просторот.

За да изгледаат вака цветните аранжмани на балконите и дворот потребно тие секојдневно се грижат за цвеќињата и одвојуваат околу 1 час наутро и навечер.

Наводнувањето е потребно да се врши во доцните вечерни часови и рано наутро, а ова е особено потребно во жешките летни денови. Прихранувањето потребно е да се врши на претходно навадена почва, со цел подобра апсорпција на храната од страна на растението.

Особено годинава беше посебен повод куќата да изгледа совршено, бидејќи се правеше свадба, па така свадбените украси само се вклопија во прекрасниот изглед на куќта кој го даваар разнобојните цвеќиња.

meblo trejd popust 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…

Галерија од Празничната атмосфера од Пелистерскиот Новогодишен базар

Магичната бајка за време на новогодишните и Божиќните празници. Забавата која цела…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…