np pelister

На 22 декември 2024 година (недела), со почеток во 11:00 часот, во Инфоцентарот на Пелистер ќе се одржи настанот „Куќа имам на Пелистер“. Настанот има за цел да ја обедини и презентира целокупната туристичка понуда на Пелистер и поширокиот регион.

„Повеќе од 20 локални производители на храна и пијалаци, ресторани, хотели, кафе-барови, туристички агенции, како и нудители на авантуристички содржини: џип сафари на Пелистер, фри-рајд скијање, екстремно велосипедство, ултратрајл маратонот и други, ќе ги презентираат своите услуги“, истакна директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски.

Организаторите од Националниот парк Пелистер сметаат дека овој настан е одлична почетна точка за поврзување на сите туристички ресурси, создавајќи основа за развој на инкаминг туризмот. Инфоцентарот, како домаќин на настанот, ќе стане стартна точка за сите активности на Пелистер, обезбедувајќи пристап за планинарите, љубителите на природата и туристите.

За време на настанот, производите и услугите ќе бидат достапни по промотивни цени, со цел да се овозможи пристап за сите посетители. Дополнително, ќе се организира наградна игра, а средствата собрани од неа ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

За сите заинтересирани од Битола и околината ќе има бесплатен превоз

Забавниот дел од настанот ќе го збогатат групата „Деспина“, DJ Svaba и модераторот Марјан Ѓоргиевски.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…