290754189 5200732069995380 468199830974229267 n

На програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, денес се реализира програмата од  четвртиот ден на Битола Шекспир фестивалот. Како дел од оваа програма во 21.00 часот, во големата сала на Народниот театар во Битола, ќе се одигра претставата ,,КРОТЕЊЕТО НА ФУРИЈАТА” во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора.

291063604 5200732926661961 7532741537720370961 n

Режисерот Пројковски за претставата ќе каже:

Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Во тој контекст, елизабетанските ставови за женската сексуалност и машката доминација се елемент на една поголема матрица од односи на општествена моќ. Односот меѓу половите, општествените пракси и општествениот ритуал се една од главните теми и борба на нашето време. Пиесата денеска е посебно актуелна зашто се доведува во прашање родот. Шекспир секогаш нѐ враќа на изворот на основните принципи на човечкото битие.

Но, нема да кажеме ништо на оваа тема ако не го поставиме прашањето: дали постои специфична женска смисла, која се разликува од машката? И ако е така, дали може да се очекува женската смисла да се пронајде во машкиот свет?

Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско.

Режија и адаптација: Дејан Пројковски

Драматургија: Драгана Трипковиќ

Сценограф: Валентин Светозарев

Музика: Горан Трајкоски

Костимографија: Катарина Вукчевиќ

Сценско движење и кореографија: Тамара Вујошевиќ Мандиќ

Во претставата играат: Лазар Драгоевиќ – Петручио, Милица Мајкиќ -Катарина, Павле Богојевиќ – Лученцо, Вања Јовичевиќ – Бјанка, Омар Бајрамспахиќ – Транио / Дама / Вдовица, Павле Поповиќ – Хортенцио, Стефан Вуковиќ – Грумио / Учител – Батистадар, Горан Славиќ – Слај /Винченцо, Немања Тодоровиќ * – Гремио, Вукан Пејовиќ – Биондело, Лара Драговиќ – Карција / Кројач, Татјана Торбица – хостеса

    Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
    Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
    Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
    Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…