462506905 10161876854459420 6456789192906469772 n

Вреди ли да се испушти силниот крик на немоќ во ова неправедно време? Вреди ли да се биде гласен во својата невидлива праведност која тоне во својата безначајност? Светите велат – тивкото срце владее со разумот, а секое самобендисано зло создава неподнослива фонија. Тишина и само тишина…вистинскиот збор само во тишина ќе се слушне…

„Јас и тишината…
Молчиме, самуваме…
Таа гласна, а јас тивка,
таа темна, јас уште потемна.

Секој пат кога сакам да испуштам крик,
таа ми вели: Чекај!

Правилно ли е, се чудам…
Во грлото ми стои, се гушам,
наплив на силни емоции доаѓа,
а срцето во бездна пропаѓа…

Тишината ме надвладеа…
Ми рече, попаметна била…

Но болката сè уште стои,
и кнедлата не мрда, стои,
и срцето в бездна си стои,
ме победија емоциите мои…

Тишината ми вели, побарај ме,
во искушенија имај ме.
Каменот тежи додека го држиш,
болката боли додека ја чуваш.“

Маја Богоевска

Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …
Што е полошо, човек да биде злобен или глупав?
Прашање за размислување меѓу четири ѕида. Имајте на ум дека човекот онаков …
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…