Полициски службеници при СВР Битола во соработка со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со учениците од средното сообраќајно училиште “Таки Даскалот“ денеска спроведоа превентивно едукативна активност во Битола, а посветена на користењето на зимската опрема.

При тоа на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата во текот на зимскиот период, согласно нормативната обврска според која што од 15 ноември до 15 март возачите се обврзани да ја поседуваат и користат зимската опрема.

Знаци кои ги откриваат злите луѓе според Достоевски
Злите луѓе ретко напаѓаат директно. Тие не викаат, не удираат по маси …
Со чисти раце – а заби ќе миеме?
Вообичена дневна утринска рутина: се будиш сабајле (освен ако си од оние …









