„ФРАНКЕШТАЈН КУНСТ Ко -19“ е насловен најновиот театарски перформанс чиј автор и режисер е Јован Ристовски. 

IVK 9030

Инспирацијата за несекојдневниот перфоманс кој беше премиерно изведен пред битолската публика е романот „Франкештајн“ од англиската писателка Мери Шели (1797-1851).

IVK 8970

Јован  Ристовски спаѓа во младата генерација на македонски режисери во чии театарски и тв зафати – публиката има можност истовремено да се забавува и да учи. Ристовски умее да жонглира со апсурдот и хуморот како режисер и од актерската екипа да го покаже она најдобро што го умеат како тим.

IVK 8878

„Сѐ што сакав да кажам кажав преку перформансот ФРАНКЕШТАЈН КУНСТ Ко -19. Ви благодарам што одвоивте време за да го проследите“ – по  премиерата изјави режисерот.

IVK 9095

Што кажа Ристовски преку театраскиот перформанс?

„Сите бегаме од своите демони. Бегаме, бегаме, трчаме, трчаме. Одбегнуваме. Не признаваме. Лажеме. Игнорираме. Феноменална мизантропија. Сите луѓе ги мразат несреќните. А тие несреќните други несреќи и лоши работи прават. Еј докторе! Што е ова: Храна! А дали им кажа дека оваа храна е посебно подготвена според твој рецепт?“  – е реплика на Чудовиштето која му е упатена на Д-р Франкештајн и на публиката, т.е гостите кои беа присутни според утврден протокол и со покани – не останаа рамнодушни и без повод за размислување.

„ФРАНКЕШТАЈН КУНСТ Ко -19“ на гостите им обезбеди тура низ Офицерскиот дом, така што тие дознаа како се створи чудовиштето. Франкештајн доби ново значење во постпандемикото време: аксиозност, ретки панични напади, панични напади со кои мора човек да се соочи, депресија која мора да ја признае човекот и општеството.

IVK 8708

Беше најавена нова нормалност. Најверојатно секој од нас ќе се или веќе се соочува со себе. 

IVK 8330

Со театарскиот „ФРАНКЕШТАЈН КУНСТ Ко -19“ режисерот Јован Ристовски – Јовица донесе свежина на театрската сцена и во македонската режисерска мисла.

IVK 8863

Мора да се напомене дека претходно ја режираше и претставата „Три“ на знаковен јазик, за подигнување на еколошката свест, (наменета за глуви наглуви лица) која наиде на огромен прием кај младата и возрасната публика, од која подоцна се продуцира и тв-серијал.

 Во „ФРАНКЕШТАЈН КУНСТ Ко -19“ играат:

Никола Пројчевски – д-р Франкештајн

Кристијан Танчевски – Чудовиштето

Катерина Аневска – Д-р Депра

Марија Стефановска – ЦЕО на АТО корпорацијата

Никола Стефанов – Роби, научник од областа на роботиката

Валентин Апостоловски –Био машина-Адам Кунст

Сандра Грибовска – Музата

Водител – Валентин Дамчевски

IVK 8611

Фотограф: Ивона Кочов

Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура.

Репризните изданија на перформансот се во фаза на резервации за настанот во декември и во следнат 2023 година.

Билјана Димко

Омега-3 масни киселини: зошто се важни за здравјето на крвта?
Омега-3 масните киселини се неопходни за одржување на здравјето на крвта и …
Дали луѓето кои често плачат психички се посилни од другите?
Луѓето кои често плачат се категоризираат како премногу емотивни. И додека некои …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

    70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

    „Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…