Од октомври 2022 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ започна со имплементација на нов проект во рамките на Еразмус + програмата за „Активно учество во поттикнување на дигиталната писменост кај младите од ранливите категории“ финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

316414689 580714410724074 3800806411996425059 n

Во октомври се одржа воведен состанок за планирањето на активностите, подготовка на проектната документација како и комуникација со засегантите страни. Додека пак, во ноември беа спроведени две фокус групи кои што беа составени од млади од ранливи категории.

Општата цел на проектот е развој на дигиталната писменост преку развивање на дигиталните вештини кај младите од ранливи категории, додека специфичните цели се однесуваат на: Развој на дигитални вештини за користење на електронски уреди и бесплатни технологии; Стекнување на знаења за употреба на електронски образовни содржини и образовни аплицкации; Поттикнување на младите од ранливи категории да истражуваат, самопрофилирајќи ја професионалната иднина. Проектните активности треба да добијат форма на консултативно-партиципативен процес со следните активности: спроведување на теренско истражување, креирање и функционирање на меѓусекторска работна група, организирање на работилници и консултативни форуми, обука за развој на дигитални вештини за млади Роми, изработка и усвојување на стратешки документ од страна на локалната самоуправа.

Се планира да се 25 вклучат млади Роми од 13-30 години. Влијанието на локално ниво ќе биде евидентно на начин што оваа маргинализирана група на млади луѓе ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења од областа на информатиката. Знаењата ќе бидат применливи и ќе претставуваат можност за надоградување во иднина.

Креаторите на јавните политики ќе имаат сознанија за проблемите со кои се соочува оваа маргинализирана група од аспект на дигиталната писменост и своите напори ќе ги фокусира кон креирање на јавни политики за поттикнување и развој на дигиталната писменост. Се разбира, влијанието на локално ниво ќе се рефлектира во влијание на регионално, национално или европско ниво на начин што може да се развие проект за соработка и партнерства со другите држави за да се поттикне и развие дигиталната писменост кај младите од ранливи категории.

jk travel borovec
Интелигенцијата не се мери со диплома
Интелигенцијата не е исто што и образованието. Многу луѓе грешат кога го …
Четири работи што треба да им ги кажувате на децата секој ден
Постојат многу начини на кои можете да му кажете на детето дека …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…