Во сабота, на 17 септември во Битола ќе се одржи Конвенција по прва помош на која учество ќе земат сите општински организации на Црвениот крст од цела држава. Нстанот започнува од 11 часот со дефиле од плоштадот Магнолија па се до Офицерски, а во текот на денот ќе има и показни вежби, како и симултациска вежба по прва помош на 24 локации по Широк Сокак каде ќе биде покажано се она што значи спасување на живот. Настанот традиционално се организира секоја година по повод светскиот ден на првата помош.

viber image 2022 09 13 11 03 02 028

-Нашата организација секогаш работи на унапреедување на она што значи квалитет на првата помош, затоа што ние сме единствената лиценцирана организација која го едуцира населението, возачите во однос на првата помош. Затоа решивме годинава сите општински организации на Црвениот крст од цела земја да дојдат и да го покажат своето знаење, но истовремено да бидат вклучени и граѓаните во покажување, реанимација, белодробно и срцево оживување, на повреди така што на некој начин ќе ја зголемиме свеста и ќе покажеме дека првата помош е многу значаен сегмент во нашето општествено живеење затоа што можеме да спасиме човечки живот, не само на патиштата туку и секаде каде што е потребно, изјави д-р Лилјана Ристевска, претседател на ОО на Црвен крст Битола.

viber image 2022 09 13 11 03 01 176

Граѓаните ќе имаат од прва рака можност да видат, но и да испробаат белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади и на тој начин да ги освежат своите знаења.

-Секогаш кога полагаме за возачка, добиваме сертификат за прва помош. Но сметаме и затоа Црвен крст посветено работи на тоа, секоја година имаме освежителни курсеви. Сега ќе имаме голема кампања каде ќе бидат опфатени над 2500 ученици и на тој начин секогаш покажуваме дека треба освежување на знаењата од прва помош. Неспорно е дека голем  делод граѓаните знаат, но не е на одмет сите знаења да ги освежиме и секаде каде има потреба да укажеме прва помош, изјави Ристевска.

    Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
    „Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …
    На 8 март започнува пријавувањето за женската трка „Биди Своја“ 2026
    На 8 Март – Денот на жената, официјално започнува пријавувањето за четвртото …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…