По повод одбележувањето на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја и Светскиот ден на книгата, 23 април, Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ започнува со реализација на проектот: „Млади поети пишуваат за планетата Земја“. Реализацијата на овој проект ќе биде во чест на упокоениот, почитуван Ротаријанец и активист Нешат Аземовски. Нешат Аземовски беше истакнат, активен долгогодишен еко- активист и основач на НВО „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација на младите, промотор на вредности за мултикултурализам. Препознатлив по својот активизам на локално, национално и меѓународно ниво.

Целта на проектот е да се поттикнат и мотивираат младите поети да пишуваат, промовирајќи го своето креативно творештво. На тој начин ќе може да ги афирмираат своите творби пред пошироката јавност. Проектот преку објавување на творбите на младите поети ги истакнува заложбите на Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ за силна и директна стимулација на творештвото на младите поети од Пелагонискиот регион.

Конкурсот е наменет за млади автори на поетски творби, на возраст од 8 до 18 години.

278692177 278052311083276 8716584237455914450 n

Конкурсот за доставување на поетски творби започнува од 23.04.2022 година и ќе трае до 20.05.2022 година. Секој учесник има право да учествува со една поетска творба  на тема екологија, животна средина, заштита на Планетата Земја итн.

Поетските творби теба да бидат напишани во формат Times New Roman, со големина на буквите 12. Секоја поетска творба треба да содржи име и презиме, возраст, адреса, училиште, телефонски број (име на менторот, иако не е задолжително да имате ментор).

Литературните творби треба да се достават на маил: nuub.bitola@gmail.com, со назнака: ЗА КОНКУРС МЛАДИ ПОЕТИ.

Резултатите ќе бидат објавени на 25.05.2022 година на веб страната: www.nuub.mk и на Facebook профилот НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола.

Најдобрите поетски творби ќе бидат објавени во заедничка збирка на поезија и ќе бидат свечено промовирани на 05.06.2022 година (на Светскиот ден на животната средина). За местото на одржување дополнително ќе следат информации.

За сите дополнителни информации контакт личност м-р Фатма Бајрам Аземовска, тел.број 070699743, е-маил: fatma.azemovska@gmail.com

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…