jkonce

Јонче Христовски е едно од најзначајните имиња на македонската музичка сцена. Сите ние кои имавме можност да пораснеме со МТВ, во времето кога боемството беше нераскинлив дел од културниот живот, особено на Битола, каде меаните беа институции – каде се случуваше и опејуваше животот една сосема друга стварност за разлика од денес.

Концертот на Камерниот оркестар на Битола, под диригенство на Владимир Димовски во час и половина битолчани ги врати во времето кога песната беше прав иљач.

koncert jonce х

Јонче, потекнува од Битола, како и најдаровитите гласови на македонската музичка сцена, ова е важен податок за младите. Тој беше композитор, текстописец и пејач со неверојатна харизма и впечатлива појава, никој како него не умее да го фрли палтото, да ја оживее сцената – па така, творејќи во духот на македонскиот традиционален мелос кој изобилува со специфичности, ретко публиката може да препознае која од песните кои ги испеа се негова авторска творевина или настанати меѓу народот.

koncert jonce 6

Петар Младеновски, Душко Георгиевски, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Агни Авшар, Елена Андоновска, Ристо Самарџиев и Виолета Томовска заедно со Камерниот оркестар на Битола во Ценатрот за култура на Битола – направија концерт каков одамна не се случил, сплотен, громогласен, распеан…коментарите од публиката беа – ,,е вакво нешто ѝ требаше на Битола“, најверојатно затоа што каменот си тежи на местото.  Песните на Јонче ги споија битолчани и во еден глас ги пееја неговите хитови: „Едно име имаме’, „Македонско девојче“, „Ој Вардаре“, „Гоце берберот“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Свирете ми чалгаџии“, „Битолчани мераклии“….

meblo trejd - aparati

Камерниот оркестар на Битола ги заслужува сите аплаузи за афирмација на македонските трајни музички вредности, ако се земе предвид од нивниот прв настап па досега имаат направено неверојатни тектонски движења не само на музичката сцена во Битола туку и пошироко, со оглед дека во Битола доаѓаат и посетители од другите градови за ги следат настапите.

koncert jonce 12
koncert jonce 13 1

Истиов концерт утре ќе се случи и пред скопската публика. Концертот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
Не споредувајте се со никого, секој си има свој единствен животен пат
Ова нека биде ваш потсетник дека секој од нас си има свој …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…