kic naslovna press

ЈОУ Културен  и информативен центар Битола во Офицерски дом-  денеска на првата Годишна прес конференција пред битолската и македонската јавност и официјално ја претстави досегашната работа на најмладата и најамбициозна општинската културна установа за изминатата година.

kic bitola press 4

Директорот на КИЦ, Лили Бошевска ги информираше за реализираните настани и иницијативи чија што бројка надминува 406 настани од областа на музички сценската, ликовната, театарската уметност, мултимедијални и меѓународни соработки. Беа промовирани проектите поддржани од Министерството за култура од национален интерес, најава за издавање електронско списание за култура уметност, отворање на Туристичкиот информативен центар во Кино Манаки, а воедно промовирана беше новата современа веб страна на КИЦ БИТОЛА

kic bitola press 3

КИЦ Битола во оваа година влегува уште поамбициозно како со набавка на техника за уметничка реализација и презентации, така и со промовирање на нова современа веб страница kicbitola.mk изработена во соработка и поддршка на ит компанијата kimicom која соддржи целосен преглед на програмската и ресурсната структура на установата, настаните, архива, можност за резервации и сл.

Најавен е и амбициозен и многу интересен проект, односно електронското списание за култура и уметност „Бели хоризонти“, во кое ќе бидат поместени теми од културата и уметноста, архитектурата, сликарството, литературата, со што КИЦ Битола си постави нови предизвици и стандарди во работењето.

КИЦ Битола е поддржан со  четири проекти од национален интерес од Министерство за култура од областа на ликовната уметност, интердисциплинарните уметности и меѓународна соработка,  а поддршката од Општина Битола, освен во институционалниот дел доаѓа и во поддршка на повеќе проекти.

kic bitola press 2

Новина во годинешната програмска и ресурсна поставеност на КИЦ Битола се подготовките за отворање на Туристичкиот инфо центар во рамките на Кино Манаки, активностите за туристичка промоција на Офицерски и Кино Манаки и секако Општина Битола.

2023 година за КИЦ Битола ќе биде убедливо динамична, така што битолчани и пошироката јавност ќе имаат можност да видат, посетат голем број настани. Битола полека но сигорно го враќа приматот – град на културата, на радост на сите.

meblo trejd kupatilo
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…