jagodi

Не ви е потребна голема градина за да уживате во вкусни и сочни јагоди. Омиленото овошје може успешно да се одгледува и во саксија – на балкон, тераса или прозорец. Освен што изгледаат декоративно, јагодите во саксии не заземаат многу простор и се лесни за одржување, па се идеален избор дури и за почетници.

Кога се садат јагоди во саксија?

Најдобро време за садење јагоди е напролет, од март до крајот на мај, кога ќе помине опасноста од посилни мразови. Може да се садат и во есен, особено во септември, за растението добро да се вкорени пред зимата и следната пролет да даде повеќе плодови.

За одгледување во саксии најчесто се користат висечки сорти, месечарки кои раѓаат повеќепати годишно, но и класични градинарски јагоди.

zlatano16 stawberry 4879794 640

Каква саксија е најдобра?

Јагодите сакаат саксии длабоки најмалку 20 сантиметри, со добра дренажа на дното и квалитетна, пропустлива почва. Може да користите обични саксии, жардиниери или висечки садови. Најважно е вишокот вода да може слободно да истекува, бидејќи коренот на јагодата не поднесува задржување на влага.

Како се садат?

На дното од саксијата ставете малку чакал или камчиња за подобра дренажа, а потоа наполнете со земја богата со хумус. Садницата поставете ја така што срцето на растението ќе остане над земјата, бидејќи предлабокото садење може да предизвика гниење.

Меѓу садниците оставете растојание од околу 20 сантиметри за да имаат доволно простор за раст.

Колку сонце им е потребно?

Јагодите сакаат сонце и најдобро успеваат на место кое има најмалку шест часа дневна светлина. Балкон свртен кон југ или исток е идеален за нивно одгледување. Ако немаат доволно сонце, плодовите можат да бидат помали и помалку слатки.

cocoparisienne strawberries 829271 640

Како се негуваат?

Јагодите во саксии бараат редовно полевање, особено во топлите денови. Почвата треба да биде влажна, но не премногу мокра.

Најдобро е растението да се полева наутро или навечер, да се отстрануваат сувите листови и изданоци и повремено да се додава течно ѓубриво за овошје. Во периодот на цветање и формирање плодови, јагодите имаат потреба од повеќе хранливи материи, па прихранувањето еднаш на две недели дава одлични резултати.

Како јагодите да раѓаат подолго?

Редовно отстранувајте ги презреаните и скапани плодови, бидејќи така растението ќе троши повеќе енергија за создавање нови јагоди. Ако забележите многу долги изданоци, дел од нив отстранете ги за растението да не ослабне.

Со правилна нега, јагодите во саксии можат да даваат плодови од мај па сè до доцно лето, а некои сорти и подолго.

Блед – бисерот на Словенија
Пишува: Сара Танаскоска Во Блед времето не се брои во часови, туку …
12 мај – се празнува споменот на Свети Василиј Острошки
Тропар на Свети Василиј Острошки Глас 4 Од младоста целиот си се …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…