pexels rpnickson 26094631

Постои една тишина што не доаѓа од мирот, туку од отсуството. Таа се јавува кога некогашниот близок, оној што беше дел од секојдневието, одеднаш ќе се стиши. Не со кавга, не со зборови што рануваат, туку со ништо. Со едно големо, тешко, необјаснето ништо.

Зборовите „Јас секогаш ќе бидам тука“, остануваат само спомени и ветувања што денес звучат како далечно ехо.

И најмногу боли тоа што ништо не се случило. Нема причина, нема објаснување. Само сè поретка комуникација, сè подолги молчења… додека едноставно не престане целосно.

Тишината на некогашниот пријател тежи повеќе од каква било кавга. Таа не носи затворање, туку прашања. Дали пријателството било вистинско? Или можеби луѓето едноставно се менуваат, и понекогаш не нè носат со себе?

Но она што останува е сеќавањето — не заради болката, туку заради убавината што некогаш постоела. Затоа што иако тишината сега зборува, некогашните моменти не можат да се избришат.

И можеби тој пријател никогаш нема да се јави повторно. Можеби нема да праша како си, нема да честита празник, нема да се сети на датум што порано му значеше. Но тоа не значи дека вредноста на она што си го дал е изгубена.

Сепак, добрината што некогаш беше дадена, не беше заради очекување на нешто за возврат. Таа беше искрена. И така треба и да остане. Сепак, сеќавањето боли…

meblo trejd kvaki
Балкански синдром: живот со постојан аларм во градите
Пишува: Сара Танаскоска Кај нас на Балканот никогаш животот не бил само …
Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…