Оваа година здружението „Јове Димовски Начко“ одбележува јубилеј – 10 години од прераната смрт на нивниот другар и пријател Јове Димовски Начко.
„Во рамките на одбележувањето на јубилејот како прва активност е нашето гостување на турнирот за ветерани организиран од нашите збратимени пријатели од Општина Бараево, Р. Србија. На овој турнир покрај нас и домаќините на наше големо задоволство ќе учествуваат и ветераните на ФК Црвена Ѕвезда од Белград.
По враќањето од Белград ќе следат и другите активности како лeтната крводарителска акција, турнирот на ветерани на кој гости ќе ни бидат ветераните на ФК Пелистер и ФК Тиквеш, а кој ќе се одржи на Ќумурното игралиште во Битола. Ќе следат и низа други активности за кои тековно ќе информираме…“, информираат од здружението.